Почетокот на 2019 година за Јелена Карлеуша започна на лош начин и со скандали.
Имено, на почетокот на годината во медиумите се појави наводната афера меѓу Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш.
Наводно пејачката му праќала експлицитни фотографии на фудбалерот, а оваа тема и по четири месеци се уште е актуелна.
Тогаш во медиумите се ширеа разни шпекулации меѓу кои и дека пејачката се разведува.
Кога се смирија вестите за аферата, Карлеуша ја снајде нова несреќа.
Имено, почина нејзината мајка, радио водителката и новинарката Дивна Карлеуша.
Карлеуша тешко ја поднесува смртта на нејзината мајка со која беше многу поврзана.
Имено, таа некое време отсуствуваше од „Ѕвездите на Гранд“, но по паузата се врати на снимањата.
Во медиумите почнаа шпекулации дека Карлеуша наводно на снимањето почнала да плаче и дека едвај успеале да ја смират.
Исто така во медиумите се појавија вести дека наводно два дена пред смртта на Дивна, на Јелена и пристигнале документи за развод и дека Душко Тошиќ и Јелена се разведуваат.
Карлеуша по смртта на нејзината мајка не се огласуваше на социјалните мрежи за овие шпекулации, се до вчера кога на „Инстаграм стори“ напиша:
„Кога ќе престанат болните лаги за мене во таблоидите и зошто никогаш? Се ова отиде премногу далеку“ напиша Карлеуша.