Пејачката Ана Кокиќ неодамна се разведе од својот сопруг и моментално ужива во својата слобода, но и работи на својата музичка кариера.
Имено, Кокиќ наскоро ќе започне со промоција на новата песна „Она права ја“, а неодамна објави неколку провокативни фотографии со кои ќе ја започне кампањата за промоција на новата песна.
Нејзината колешка Наташа Беквалац имаше коментар на една од фотографиите.
„Вака изгледа жена по развод! Извини, ама морав“ напиша Беквалац под фотографијата на Кокиќ.