Македонската поп, пејачка Симона Попоска, покрај естрадната кариера одлично си ги „туркаше“ студиите по медицина, па така згодна охриѓанка неодамна дипломариша и стана лекар. Ама како музиката и науката никогаш немаат крај, разбирливо убавата лекарка тргна на специјализација.
Песната не ја батали, напротив, деновиве го промовираше одличниот синг „Сама“, ама и белиот мантил не го соблече.
Последната поостирана фотографија го докажува токму тоа. Во бел докторски мантил и стетоскопот околу врат, Симона покажува дека и во нејзината најверојатно, животна професија, изгледа преубаво и секси. „Докторке, докторке, леле шо убаа си…“ ! Токму онака како што во 90-ите пееше Ристо Бомбата !
Што би рекле, да посакаш да ти пее, да ти е мерак да те прегледа.. Со оглед на коментарот на постираната фотографија, едно е сигурно: Клиниката за кардиологија доби на убавина… А откако ќе специјализира и на квалитетен кадар!
Освен тоа, сега, ако и отидете на настап, кога ќе ја видите на сцена… и срце да ви застане од возбуда, бидете без грижа: Симона умее и со микрофонот и со стетоскопот! Затоа земи воздух и диши длабоко!