Популарниот актер Николас Кејџ(55), само четири дека по венчавката во Лас Вегас со Ерика Коик (34), побара поништување на бракот.
Странските медиуми пишуваат дека актерот го побарал тоа во средата 27-ми март, а доколку неговото барање биде одбиено, тој повторно ќе побара развод на бракот. Николас и Ерика беа во врска нешто помалку од една година, а при вадењето на документација за венчавка, ситуацијата наговестуваше дека овој барк ќе заврши лошо.
Имено, актерот беше пијан и на присутните им кажа дека идната сопруга ќе му ги земе парите, а го споменуваше и поранешниот на Ерика кој го нарече дилер на дрога. Николас дури и тогаш и кажа дека не сака да се ожени со неа, додека таа му одговори дека ниту таа не барала такво нешто од него, но на крај сепак се венчаа.
Потсетуваме, ова е четврти брак на Николас Кејџ. Првиот со актерката Патриша Аркет, потоа со Лиса Мари Присли, а најдолгиот брак од 14 години му беше со Ким Алис со која го има синот Кал Ел, а пак со кристина Фултон го има синот Вестон.