Радио Милева

Александра Пријовиќ наскоро се враќа на музичката сцена, но еден коментар на социјалните мрежи нема да и се допадне

Александра Пријовиќ наскоро се враќа на музичката сцена, но еден коментар на социјалните мрежи нема да и се допадне

Пејачката Александра Пријовиќ се породи пред еден месец.

Таа и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ станаа родители на нивното прво дете, синот Александар.

Пејачката првите неколку недели ги поминува со синот и успеа да се навикне на новата улога, а сега одлучи да ги израдува фановите.

фото Мирко Родиќ

Имено, таа на социјалните мрежи објави фотографија со својот сопруг и најави дека се враќа на музичката сцена.

„Последните 10 месеци ќе ги паметам засекогаш. Поминавме низ најубави моменти во нашите животи. Уживаме во одмор кој трае неколку дена, а потоа се враќаме на работа.Песните се готови и ве очекува едно убаво изненадување. Се дружиме од јули со многу енергија и љубов. Ве сака Александра“ напиша пејачката.

И додека многумина се радуваат на нејзиното враќање, ги има и оние на кои не им се допаѓа идејата што Пријовиќ се враќа.

Така, еден нејзин фан и остави коментар под објавата.

„Чувај го бебето, работата нема да ти побегне“, стои под фотографијата.

Сепак, изгледа Пријовиќ не обратува внимание на коментарите и наскоро ќе ги објави новите песни.

To top