Бурак и Фахрие Озчивит се појавија на театарска претстава кај колегата и комичар Џем Јилмаз. Турските новинари си сретнаа и ја искористија приликата да им постават неколку прашања. Двојката откри дека одлично се забавувале и квалитетно се изнасмеале на претставата. На прашањето дали синот Каран реагирал во стомакот, Фахрие вели:
-Реагираше доста, крајот на претставата малку тешко го поднесов, вели таа и открива дека останале уште многу малку денови до породувањето и дека размислувале воопшто да не доаѓаат на претставата.
На прашањето дали е се подготвено за доаѓањето на бебето, Фахрие одговара:
-Да, се е подготвено. Уште неколку дена останаа, така да само чекаме, вали среќната мама.
Пред неколку дена Бурак се сретна со новинарите и најпосле даде изјава по повод профилот на Инстаграм на нероденото бебе.
-На Инсатграм има многу лажни профили. Да спречиме креирање лажен профил на нашиот син, одлучивме ние лично да го направиме, вели популарниот турски актер.