Американската тенистерка Серена Вилијамс и долгогодишна пријателка на војвотката Меган Маркл, во своето последно интервју се сплетка, па како што пренесуваат странските медиуми, несакајќи го откри полот на бебето кое го чекаат Меган и Хари.
-Мојата пријателка е бремена и е во фазон: „Ох, моето дете ќе го прави ова“, а јас само ја погледнав и и кажав „Не, таа нема да го прави тоа“ – објаснува Серена, зборувајќи за бебето во женски род.
Странските медиуми сега пишуваат дека Серена зборувала баш за Меган Маркл со која е пријателка уште од времето кога Меган беше во актерството, а со таа реченица откри дека кралската двојка чека женско бебе.