Милионите кои ги имаат на банкарската сметка им дозволуваат на Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Канје Вест да бидат крајно екстравагантни кога се божиќните и новогодишните подароци во прашање.
Па така, пред две години познатиот рапер за својата сакана подготви 150 подароци, а годинава даровите беа собрани во една мала кутија.
Еден од подароците е мала кутија со играчка Мики Маус, слушалки Епл, чорапи од Адидас и картички од Нетфликс и Амазон, но тоа не е се.
Имено, Канје добро размислил како да ја израдува Ким со тоа што и подари акции од комнпаниите: Дизни, Епл, Адидас, Нетфилкс и Амазон.
Ким беше воодушевена од подарокот и се пофали дека има најдобар сопруг на светот.