Во саботата започна третиот круг на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Според новите правила кандидатите настапуваат во дуели, а само оној кандидат кој ќе ги освои пет гласа поминува директно во четвриот круг.
Во саботното издание настапуваа неколку македонски кандидати меѓу кои и Елена Миленковска чиј ментор е Ана Бекута.
Таа настапи во дуел со Велдина Алибегиќ и Садо чии ментори се Саша Поповиќ и Снежана Ѓуришиќ.
Миленковска се претстави „Хајде онда ништа“ од Тијана Богиќевиќ и „Птица скитница“ од Ана Николиќ.
По изведбата Елена ги доби сите пет гласа, а Ана беше среќна што нејзината кандидатка помина понатаму.
„Браво девојко, браво кукло, прекрасна беше“ прокоментира Бекута.
Од друга страна Карлеуша имаше критики за Миленковска.
„Што се однесува со Пере и Луње, Мике и Жике, од мојата лева страна, значи, културно, уметничко друштво, весели адолесценти. Што се однесува до мојата десна страна, ти девојко немаш енергија“ вели Карлеуша.
Со нејзиниот став не се согласи Марија Шерифовиќ која истакна дека во овој дуел дефинитивно е подобра Елена и дека Карлеуша не требало да гласа за дуелот под број 1.
„Ти слепа ли си?Луда ли си, будала си?Па, логично дека е подобар кандидатот под број 2.Зошто гласаше за нив“ истакна Марија.
Карлеуша истакна дека Елена е подобар пејач, но дека нема енергија.
„Таа е добра, но енергијата, харизмата, е на страната на нејзините противници. На кого му е гајле дали некој е подобар пејач. Нема тука енергија. Мораш ти девојко, како се викаш, мораш да имаш емоција во пеењето, магијата на оваа работа е она што не може да се опише, мора нешто да се чувствува“ вели Карлеуша.
Како ќе се претстави Миленковска во следниот круг и до каде ќе стигне останува да видиме.
Настапот на Елена може да го погледнете на 20: 46.
https://www.youtube.com/watch?v=28Ar2zLnnEg