Северина Којиќ на социјалните мрежи се пофали со фотографии од премиерата на последната сезона на хит серијата „Игри на престолот“ која се одржа во Њујорк.
Со сопругот Игор позираше пред салата, а се фотографираше и со актерката Емили Кларк која во серијата ја игра „Мајката на змејовите“.
View this post on Instagram
Атрактивната пејачка за оваа прилика се одлучила за коктел фустан во златна нијанса на шљокици во кој ги покажа витките нозе, а за скратената коса ги доби сите пофалби.
View this post on Instagram
„Најдобро облечена жена на овие простори, во оваа работа“, „Многу ти е добра новата фризура“, „Се помлада и помлада“, се само некои од коментарите на воодушевените фанови.
View this post on Instagram