Пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ на почетокот на март станаа родители на нивното прво дете, синот Александар.
Пејачката по породувањето не се огласува на социјалните мрежи, ниту пак има објавено фотографии од новиот член на семејството.
Како што истакна во една нејзината објава на „Инстаграм“ таа одбила да се фотографира со бебето за медиумите.
Меѓутоа, деновиве Александра и Филип го носеле нивниот син на првата контрола.
Во таа прилика папараците успеале да ги фотографираат, па се појавија неколку фотографии на српските портали.
Еве како изгледаат Прија и Филип.
За потсетување, првпат по породувањето Александра се појави на роденденската забава на Виктор Живојиновиќ, синот на Брена и Боба.