Душко Тошиќ купил вила на Дедиње од тренерот Драган Стојковиќ Пикси, а во неа планира да вложи и до два милиони евра.
Бидејќи пејачката Јелена Карлеуша по смртта на нејзината мајка нема да настапува одреден период, тој и предложил да помогне околу реновирањето на новиот дом.
„Куќата е во одлична состојба. Меѓутоа, во вилата долго време никој не живее, а Јелена сака се да уреди по свој вкус. Затоа Душко одлучи да не ги штеди своите евра, па во нивниот дом ќе биде уредно се по најновата мода. Во вилата има четири огромни бањи, па секој ќе си има своја бања. Само плочките и санитаријата ќе чинат околу 100 000 евра“ вели извор.
Тој додава дека наследничките Атина и Ника ќе имаат посебни соби со тераси и бања, а зад куќата ќе биде изграден базен.
„Собите за децата ќе бидат уредени по желба на девојчињата – со мотиви од нивните омилени цртани филмови. Јелена и Душко беа воодушевени и ќе им направат вистинска оаза. Исто така има соби и за послугата, како и три гостински соби. На Јелена најмногу и е жал што нејзината мајка не доживеа да види како ќе уреди бидејќи Дивна беше воодушевена од вилата. Ќе има и соба за мајката на Душко и тетката на Јелена, кои секогаш се добредојдени.Меѓутоа, најважен дел во целата куќа е собата за гардеробата на Јелена која ќе чини околу 50 000 евра“ вели изворот.
Карлеуша уште претходната година најави дека ќе се пресели.