Радио Милева

Додека Адел заработува милиони од песните, нејзиниот татко со кого не разговара работи како доставувач

Додека Адел заработува милиони од песните, нејзиниот татко со кого не разговара работи како доставувач

Според британските медиуми, 55-годишниот Марк Еванс, кој со години не разговара со својaта познатa ќерка Адел по контроверзнoто интервју, за живот сега заработува од курирска достава, со дневна заработувачка помеѓу 50 и 100 фунти.

Со популарната пејачка и ќерка Адел, Еванс ги прекина сите контакти во 2011 година, откако во интервју проговори дека ја напуштил во детството и како овој факт влијаеше на нејзиниот љубовен живот.

Како што е соопштено од страна на британскиот таблоид „The ​​Sun“, Еванс во моментов живее во изнајмена куќа во Јужен Велс, и прави дневна испорака на пакети за курирска служба Yodel. Како што се наведува понатаму во таблоидот,, Еванс се пожалил на еден пријател, дека е скршен поради неговата врска со Адел и дека сака само да бидае “нормален дедо” на своите внуци.

фото:profimedia

“Марк, всушност, нема живот, тој само постои. Претходно работеше како водоинсталатер, а пред неколку месеци ја прифатил работата како доставувач”, открива близок извор за таткото на Адел.

Во едно интервју што доведе до нивна целосна одвоеност, Еванс ја презеде одговорноста за своите неуспеси, како татко што ја напушти Адел на три години и ја остави мајка си и поранешната сопруга Пени Аткинс. Пред голема борба која следеше во 2011 година, Марк Еванс се обидуваше да биде во близина на Адел.

“Се чувствувам беспомошно во моите напори да го сменам мојот ум”, рече тој, зборувајќи за ќерката чие богатство се проценува на 140 милиони фунти.

To top