Радио Милева Ги шокираше гледачите

Убавата сопруга на пејачот Никола Роквиќ во утринската програма во живо го доеше своето бебе (ФОТО)

Убавата сопруга на пејачот Никола Роквиќ во утринската програма во живо го доеше своето бебе (ФОТО)

Бојана Баровиќ утрово беше гостин во “Утро со Наташа,”  на Прва ТВ. Водителката Наташа Миљковиќ, со убавата жена на пејачот Никола Роквиќ разговараше само еден месец откако таа се породи..
Бојана се породи во Белград на 26 февруари, а по нејзината ќерка, Никола Роквиќ и манекенката добија син.

И додека течеше разговорот, наеднаш се слушна тивкиот плач на малиот Симеон и Бојана покажа колку е грижлива мајка која не го остава по ниту една цена своето бебе гладно, па таа го зеде бебето в раце и за прв пат во Србија, а веројатно и во регионот во програма во живо доеше бебе.

„Тој е тука со мама. Јас не се двојам од него. Се’ уште го дојам, тој е премногу мал. Бебето избира каде, а не јас. Јас сум мајка која не го остави своето дете, бидејќи мислам дека е многу важно за нас да бидеме со нив и да им го дадеме она што им е потребно, а во моментов најважно за него е доењето“ – објаснила Бојана, која дошла во студиото и нејзината мајка, која го чувала Симеон зад камерата.

„Па, браво! Слободно“ – рече водителката Наташа.

„Ова е прв пат јавна личност да дои во живо во програма! Ова е историски момент“! –  беше воодушевена водителката, која како и Бојана, го поддржува доењето во јавноста.

To top