Кога во 2017 година Елена Ристеска ја објави песната „Текила и лимон“, синглот наиде на поделени коментари кај јавноста. На едни им се допадна, на други пак не, но во оние првите беше и младата српска пејачка Анастасија Ражнатовиќ.
Тогаш таа на својот профил на Инсатграм објави снимка на која провокативно игра на песната на колешката од Македонија.
View this post on Instagram
A u @stevansrules salonu uvek veselo?????♀️✨Pogotovo posle Phillip B tretmana! ?✌? #caughtoncamera
Сега, година и нешто подоцна, Елена не и остана должна на наследничката на Цеца, па за нејзината најнова песна „Ране“ која е авторско дело на Дарко Димитров, Елена имаше само пофалби.
-Невидена зараза песнава, напиша Елена во неколкуте куси видеа на нејзините „стори“ приказни на Инстаграм.
Елена ги означи Анастасија и нивниот заеднички соработник, Дарко Димитров, а со неколкуте објави за „Ране“ сакаше да даде до знаење дека Анастасија има хит.
Инаку, песната на наследничката на Цеца досега има повеќе од 6 милиони прегледи на Јутјуб и очиглено навистина е „заразна“.