Последните неколку месеци бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ имаше неколку кризи и проблеми.
Имено, наводно пејачката го изневерувала со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш на кого му праќала експлицитни фотографии.
Од друга страна, се пишуваше и дека Душко Тошиќ имал афера со Софија Милошевиќ.
Познатата манекенка сега пред камерите на „Премиера“ ја откри својата страна на приказната.
„Бев вмешена во нешто во кое воопшто не бев актер на случувањата. Бев актер затоа се најдов на иста маса со Душко Тошиќ, Пикси и неговото семејство бидејќи се дружам со неговата ќерка.Мислам дека на некој така му одговарало. Јас и Јелена се слушнавме и мислам дека се зближивме, станавме и пријателки.Таа не веруваше ниту еден момент, посебно ми е смешно тоа што таа вечер со нас беше и тетката на Јелена“ вели Софија.
По аферата, Јелена одлучи да го тужи Огњен.