Кејт Мидлтон вчера ги посети децата извидници и со нив се играла во парк.
За ова дружење војвотката облече потполно практична комбинација.
За 100годишнината на паркот Џивез, Кејт облекла јакна, црвен џемпер, омилените брендирани чизми, темни фармерки, а изгледот го комплетира со марама.
Кејт косата ја носела пуштена со благи бранови, класична шминка и обични обетки.
Во текот на посетата Кејт се играла со децата, се смеела додека се играла со едно од децата.
Војвотката исто така разговарала со извидниците за нивните авантури, берела цвеќе, а по фотографиите се гледа дека навистина уживала во ова дружење.