Радио Милева

„Ме вознемирува, сè во врска со него“: Сопругата на Огњен Врањеш откри дека повеќе не се заедно – толку од бракот

„Ме вознемирува, сè во врска со него“: Сопругата на Огњен Врањеш откри дека повеќе не се заедно – толку од бракот

Фудбалерот Огњен Врањеш беше уапсен на белгискиот аеродром “Charleroi”, кога се враќал од Бања Лука, бидејќи немал важечка дозвола за престој. Како бегалец без документи, тој ја поминал ноќта во затвор и доживеал низа  непријатности од белгиската полиција, пренесуваат медиумите од Босна.

Бидејќи Врањеш нема комуникација со новинарите, тимот на српски “Ало” контактираше со неговата сопруга Даниела, кој е видно вознемирена во врска со целата ситуација. Но, не затоа што Огњен е уапсен, туку поради тоа што нејзиното име  се поврзува со фудбалерот. Таа е ексклузивно за “Ало!” откри дека тие повеќе не се во брак.

фото:инстаграм/огњенврањеш

– Не ми е гајле дали Огњен бил уапсен или не. Јас немам никаков контакт со него и би сакала никогаш повторно да не се поврзам со него. Тој ми е минато за што не сакам да зборувам. Сè уште не сме разведени судски, но наскоро ќе бидеме. Ме вознемирува секое прашање за него. Тој за мене повеќе не постои – изјавува ексклузивно за “Ало”, се уште законската сопруга на Огњен. Таа за првпат се огласи во медиумите и призна дека тие не се во добри односи, и покрај тоа што имаат ќерка.

To top