Како што е познато, Саша Поповиќ неодамна имаше хируршка интервенција во една приватна клиника во Белград.
Имено, некое време го мачеше проблемот со очите, па тој одлучи да го реши со ласерска операција. Иако поминаа само неколку дена од хируршкиот зафат, Поповиќ не го одложи снимањето на новото продолжение на „Ѕвездите на Гранд“.
Токму на последното снимање, тој ги шокираше сите во студиото кога одненадеж се струполи на земја. Имено, додека Ѓорѓе Дејвид му објаснуваше на кандидатот што треба да направи, Саша наеднаш се фати за глава и падна од столицата, по масата.
Сите скокнаа да му ппомогнат, но бргу сфатија дека се работи само за шега на шефот… Можеби „навкусна“, ама сепак, за среќа само шега!
Фото:Драгана Удовичиќ/ Инстаграм принтскрин