Во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, има многу македонски кандидати кои успеа да стигнат до третиот круг на музичкото шоу.
Имено, според новите правила на „Ѕвездите на Гранд“, секој од кандидатите има свој ментор кој ќе им помогне на нашите претставници да се покажат во подобро светло.
Така, Огнен Здравкоски, Мартинијан Кириловски, Елена Миленкова, Адам Лабунски, Стефан Величковски, Ангел Јовевски со своите ментори се подготвуваат за третиот круг.
Меѓутоа, во новиот круг ќе има нова правила, односно кандидатите ќе настапуваат во дуели.
Така деновиве продукцијата ги повика сите кандидати кои имаа задача да влечат ждрепка за да видат со кого ќе се најдат во дуел и кој кого против кого ќе се бори на регионалната музича сцена.
Така, Огнен Здравкоски на својот „Инстаграм“ објави фотографија од нашите претставници, а во описот напиша:
„Екипа Македонци подготвени да го освоиме Гранд“ напиша Здравкоски на социјалните мрежи.
Од друга страна, Македонецот кој ја освои публиката со првото излегување на сцената Филип Пецовски објави фотографија како седи на местото каде што седи жирито и го претиснува тастерот.
Елена Миленковска сподели фотографија со Мартинијан Кириловски и напиша: Македончиња во „Гранд“.
Стефан Величковски кој не се натпреварува првпат во ова музичко шоу, а негов ментор е пејачката Вики Миљковиќ се пофали како изгледа на часови кај „професорката“.
Ангел Јовевски кој исто така е дел од Македонците кои се борат во „Ѕвездите на Гранд“, најави дека оваа сабота ќе може да го гледаме во најновата емисија.
За потсетување, пред неколку години токму во ова музичко шоу имавме финалисти и тоа Ален Хасановиќ и Филип Божиновски, а пред две години победи охриѓанецот Ристе Ристески.
Дали оваа година Македонија ќе има победник или ќе победиме останува да идеме.
фото: принтскрин/инстаграм/фб