Радоста, среќата, неизмерната љубов и полното срце кои ги чувствува во себе, ТВ водителакта Јелена Спенџарска не можеше да ги сокрие, туку како да сакаше да викне на целиот глас и на сите да им ја покаже својата исполнетост и чувство на благословеност.
Имено, Јелена се оствари со една од најубавите улоги во животот – стана тетка и доби внука.
Нејзината помала сестра Викторија изминатата недела на свет донесе женско бебе, а гордата тета Јелена во моментот не беше со семејството, но веднаш се пофали дека бебето дошло на свет, а таа чувствувала дека ќе се роди кога нема да биде близу.
Сепак, по неколку дена, тета се упати правец кон својата нова љубов која одсега и го прави секој ден поубав. Да се стане тетка е неизмерна среќа, а за тоа Спенџарска напиша:
Eдвај чекам да пораснеш (да растеме заедно) и заедно од почеток да го учиме животот.
Да те кријам за твоите тинејџерски лудории, за првите љубови, да те тешам за првите разочарувања. (И тогаш кога ќе мислиш дека е крај на светот, а НЕ Е) Да ти ги купувам омилените подароци и се што ќе посакаш. Да ти ја купам сукњата која ти се допаѓа, па макар и мама да збесне ( а,ќе збесне, гарант) Да ти ја напишам домашната без да знаат мајка ти и татко ти(не мора тие се да знаат ) , да ти помогнам со предметите во школо и искрено да ти кажам кои од нив се забавни и потребни , а кои се досадни (верувај ми има такви!) Да одиме заедно на журки,на одмори, заедно да ги следиме модните трендови, да ти купувам сладолед и тогаш кога ти рекла мама дека не смееш ( sorry mom ) да си праќаме фотки на инста секогаш кога ќе бидеме разделени .
Да те шетам секаде со мене и безрезервно да те опсипувам со љубов. Да патуваме низ светот, само посакај каде сакаш да одиме и тетка ти е веќе спремна….
Има толку многу работи кои допрва не чекаат, животот е пред нас… Никогаш не сум била ПОвозбудена и ПОсреќна …. ништо нема да може да ја прекине таа врска помеѓу нас. И ништо нема да се промени и кога ќе имам свои деца (ако даде Бог). И ти си моја крв и ти си моја сродна душа и тетка ти ќе биде секогаш тука за СЕ што ти треба П.С. Се надевам мајка ти нема да го прочита ова, напиша среќната тета Јелена.