Радио Милева замена на идентитетот

Татјана Лазаревска е мета на закани: Македонската пејачка во Австралија добива заканувачки пораки

Татјана Лазаревска е мета на закани:  Македонската пејачка во Австралија добива заканувачки пораки

Фејсбук статусот на Татјана Лазаровска ангажирана како професионален војник во артилериската единица на АРМ, која напиша дека напаѓачот од Нов Зеланд одговорен за масакрот во две џамии каде беа убиени 50 луѓе, заслужува да добие Нобелова награда, беше окарактиризиран како ширење говор на омраза преку социјалните мрежи, при што наиде на остри критики во јавноста.

И додека од дисциплинската комисија од Генералштабот потврдија дека веќе се води дисциплинска постапка и побарана е најстрога санкција, а дотогаш не смее да користи оружје, на другата страна на планетата, вмногу поблизу до местото каде што се случи масакарот една друга Македонка е мета на закани и добива заканувачки пораки.
По игра на случајноста во прашање е познатата македонска фолк пејачка Татјана Лазаревска, која последниве неколку години заедно со својот сопруг, пејачот Новица Василевски се пресели да живее и работи во Австралија. Имено, фолкерката има исто име и многу слично презиме, со дотичната припадничка на АРМ, односно разликата во нивните презимиња е само една буква: жебата – војник е ЛазарОвска, а пејачката ЛазарЕвска, а обете се русокоси, со слични фризури.
Токму оваа сличност предизвикала забуна кај некои, очигледно недоволно упатени корисници на социјалните мрежи па дошло до замена на идентитетот на личноста, при што војникот Татјана ја замениле со пејачката Татјана, која почнала да добива закани, во вид на заканувачки пораки по живот преку социјалните мрежи на своите интернет профили од непознати лица.
Преплашена и избезумена, македонската фолкерка токму преку интернет и се обрати на јвноста со образложение и појаснение дека таа не е ТАА на која се мисли, односно дека се работи за забуна и замена на идентитетот и погрешна личност на која и се обраќаат и закануваат.
 „МОРАМ ЈАВНО ДА ВИ СЕ ОБРАТАМ И ДА КАЖАМ ДЕКА ЛИЦЕТО ТАТЈАНА ЛАЗАРОВСКА ВО ДОЛЕ НАВЕДЕНИОТ ТЕКСТ АПСОЛУТНО НЕ СУМ ЈАС, ЗА ОНИЕ КОИ ПОГРЕШНО РАЗБРАЛЕ… ЈАС СУМ САМО ЕСТРАДЕН УМЕТНИК КОЈ НЕ ЈА ДЕЛИ СВОЈАТА ПУБЛИКА И КОЈ НЕ ГО ИНТЕРЕСИРА ПОЛИТИКА ВООПШТО… ЗАРАДИ СОВПАЃАЊЕ СО ИМЕТО И НЕДОВОЛНО РАЗБИРАЊЕ НА ТЕКСТОТ ПОЧНАВ ДА ДОБИВАМ И ПРЕТЕЧКИ ПОРАКИ, КОИ МНОГУ МЕ ВОЗНЕМИРИЈА…. ЈАС СУМ СЕКОГАШ ПРОТИВ ЈАВЕН ГОВОР НА ОМРАЗА… ШИРЕТЕ ЉУБОВ, А НЕ ОМРАЗА… ВИ БЛАГОДАРАМ“ – напишала фолкерката во својот Фејсбук статус со кој ја појаснува ситуацијата и ја разрешува забуната!
Да се надеваме дека и оние кои и се заканувале на нашата фолкерка дека ќе сфатат две работи: Како прво, дека јавните закани се кривично дело казниво по закон, а како второ, дека и ги упатиле на тотално погрешна личност!
To top