Радио Милева

По скандалот, Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш очи во очи на суд

По скандалот, Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш очи во очи на суд

Пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Огњен Врањеш наскоро ќе се соочат очи во очи и тоа на суд. Фудбалерот поднесе тужба против поп дивата за повреда на угледот и честа.

„Во вакви случаи праксата е судот да наложи двете страни да се соочат за да се утврди вистината, вели извор за српски Курир.

Потсетуваме, откако во јавноста се појавија експлицитните фотографии и снимки од Грција, Јелена јавно му се закани на Врањеш. Потоа, тој на почетокот на февруари против Јелена поднесе две тужби и кривична пријава поради сомнеж за загрозување на неговата сигурност.

Врањеш во приватната кривична тужба наведува дека пејачката на 14-ти јануари го навредила преку социјалните мрежи така што објавила соопштение во кое наведува:

фото:Инсатграм/огњен врањеш

„Ти мал црву, нема да заиграш фудбал повеќе никогаш и никаде, во ниеден клуб, ниту за репрезентација“. Во Босна знаат дека си шизофрена будалетина и никому не требаш. Сите те презираат бидејќи си фашистичко-расистичко го*но. Ти, црву си болен, можеш да монтираш слики и снимки и што и да ти падне на памет, можеш да родиш снимка како со гол задник ти седам во скут. Ја жалам твојата жена и твоето дете, црву. Но ти како му наштети на моето семејство, така што сега ќе ти се врати злото. Бегај! Пресели се, црву. Брзо“.

Врањеш поднесе тужба и за надоместок на материјална штета, а вредноста на спорот е два милиони динари. Како доказ фудбалерот ја наведува истата причина, односно навредите кои таа ги објави.

To top