Ресенското дуо „Екстраваганца“ја претстави својата нова, трета по ред песна која го носи насловот „Приспивна“. Станува збор за преработка на шпанската тема „Quien“ од шпанскиот музичар Пабло Алборан, кој е потпишан како автор на музиката, а аранжманот го направи Хари Котларовски, со кого момчињата соработуваа и на претходните две песни, додека стиховите се дело на вокалот Јовче Воденичаровски кој заедно со Крсте Калевски – гитара, го сочинуваат дуото.
Како што споменавме, тиез ад себе имаат две авторски песни – првенчето „Само да си тука домене“ и минатогодишната „Казна моја си ти“.
Како звучи македонската верзија насловена „Приспивна“, преработка на шшпанската „Кој“ ( Quién) проследете во продолжение од нивното лирик видео.