Како што пренесуваат српските медиуми, починал братот на Зорица Брунцлик, Љубивоје.
Овие информации за „Курир“ ги потврдил нејзиниот сопруг Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш.
Откако оздраве од смртта на нејзиниот кум Шабан Шаулиќ, Зорица сега остана и без родниот брат.
Тој во една прилика истакна дека со Зорица не биле во добри односи веќе пет години, но потоа го обновиле контактот.
„Едвај успеав да се смирам со неа пред 5 години, бевме во кавга поради весниците. Се што ќе кажам можат да го искористат против неа, а јас тоа не го сакам. Не сакам повторно да имам лош однос со неа“ изјави Брунцлик пред 9 години.
Зорица истакна дека како дете живеела во беда, но кога ги заработила првите пари изградила куќа за нејзината мајка и братот Љубивоје.