Новинарката Дивна Карлеуша, која е и мајка на Јелена Карлеуша почина на 3 март во Белград.
Пејачката за смртта на Дивна дознала кога се вратила од својот настап во странство.
Оттогаш Јелена е неутешна поради овие тажни вести посебно бидејќи многу беше поврзана со својата мајка.
Јелена не се појавуваше во јавност, па моментално не е дел од „Ѕвездите на Гранд“ каде место неа седи Ивана Петерс.
Меѓутоа, Јелена по долг молк првпат се огласи на социјалните мрежи и објави неколку фотографии со нејзината мајка.
Оваа фотографија настанала во 2019 година, кога Јелена пеела во Белград, а нејзината мајка и била поддршка.
Во кратките приказни на „Инстаграм“, Јелена сподели неколку сеќавања со Дивна.