Промотер

Давид Темелков преку „Скопје 2014“ визуелно ја овековечи својата констатација – „Свијет се промијенио“ (ВИДЕО)

Давид Темелков преку „Скопје 2014“  визуелно ја овековечи својата констатација – „Свијет се промијенио“ (ВИДЕО)

По учеството во регионалниот „Х фактор“,  Давид Темелков продолжи својата кариера да ја гради во Хрватска, каде што изминативе неколку години соработува со едни од најреномираните музички автори , легендарниот Мирослав Рус. 

По неколкуте поп теми  и балади, дојде време е за мало освежување и нова музичка насока во кариерата на македонскиот пејач, што неодамна се огледа во излегувањето на песната „Свијет се промијенио“ или „Светот се промени“, која е во фанки-стил и отвора ново поглавје.

Песната засега ја има само на хрватски јазик, но се надеваме дека ќе имаме можност да ја слушнеме и на македонски. Во меѓувреме,  „Свијет се промијенио“ доби и свој видеозапис кој пејачот одбра да биде снимен на улиците на македонската метропола, Скопје, кој го реализираше македонската видеопродукција „Мелем“, а видеопродуцент е Јосип Шукер.

Како изгледа визуелизацијата на најновата тема на Давид Темелков, со прекрасните кадри од проектот „Скопје 2014“, одбран по кој знае кој пат и од многупоголеми регионални ѕвезди ( Ж. Јоксимовиќ, З. Чолиќ, В. Стефановски…), да биде дел од нивните видеоспотови, погледнете во продолжение:

To top