Водителката Јована Јоксимовиќ наиде на мета негативни коментари на социјалните мрежи поради фустанот кој го носеше изминатиот вторник, во емисијата „Утро со Јована и Срѓан“, за што пишуваа многу од медиумите.
За нејзиниот изглед на Твитер коментираа дека изгледа како „знак за кривина на патот, само погрешно поставен“, а имаше и такви кои нејзиното издание го нарекоа „моден инцидент“.
Меѓутоа, убавата Јована, не многу се возбуди поради ваквите критики кои ги доби, па за еден српски медиум изјави:
-Ако најголем проблем во нашата земја е што сум облекла, тогаш тоа ме радува и забавува во исто време, изјави водителката за српски Блиц.
фото:принтскрин/ТВ Прва