Уште откако стана составен дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Саша Поповиќ ја тера Марија Шерифовиќ во едно издание да се појави во здолниште, но таа константно одбива.
Сепак, на изненадување на сите, тоа го направи Ѓорѓе Давид, рокерот кој од оваа сезона се приклучи на стандардната постава.
Имено, Ѓорѓе се одлучил за прилично несекојдневна комбинација, а таа не помина без многу шеги на негова сметка.
-Ова е варијанта помеѓу адмирал, свештеник и рокер – му порача Поповиќ, а очигледно е дека отсуството на Јелена Карлеуша која шоуто го прави поинтересно, доста недостасува, па мора да се бара алтернатива.