Радио Милева тешко ја поднесува разделбата

Саша Ковачевиќ многу пати заради разводот на неговите родители

Саша Ковачевиќ многу пати заради разводот на неговите родители

Како што пишува српскиот таблоиден магазин „Скандал“, Саша Ковачевиќ многу страда  поради разводот на неговите родители! Инаку, Сале никогаш не зборува за приватен живот и се обидува да ја држи својата интима што подалеку од медиумите, но минатата недела како бомба одекна веста дека неговите родители се развеле за што раскажуваше и ја потврди информацијата и неговиот пријател Павле Јовановиќ во реалното шоу „Задруга 2“!

Инаку бракот на неговите родители уште пред неколку години беше на „стаклени нозе“, особено откако неговиот татко Драган кој е и негов менаџер, заради честите настапи и патувања на пејачот, постојано е отсатен од дома.

Упатените тврдат дека парите и славата на неговиот син ја поистоветил со себе, па таа толку му  удрила в глава, што не ретко се однесува како поголема ѕвезда од ѕвездата која ја менаџира.

Флертувањето и нафрлувањето на помлади девојки односно полупознати – полуанонимни пејачки ветувајќи им кариера го чинеше скандал во медиумите, за кој некои од нив и го обвинија дека се обидел на сила да ги легне или им понудил непристоен предлог. Секс во замена за слава и успех на естрадата?!

Тогаш бурата околу наводниот скандал се стиша, иако поедници „оф д’рекорд“ тврдеа дека сопругата го исфрлила од дома, па несреќниот „швалер“ и менаџер, морал да преспие во својот автомобил!

 

View this post on Instagram

 

Moja lepotica

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic) on


Како и да е, едно е сигурно дека на младата поп ѕвезда тешко и паѓа што неговите родители се разведуваат, зашто како што е познато Саша е многу поврзан со неговата мајка Милена, за која во една своја објава на Инстаграм напишал: „Мојата убавица“… И не бил далеку од вистината, зашто и покрај возраста жената изгледа божествено, што потврдува не само фотографијата туку и дузината комплименти на нејзина сметка во коментарите!

Фото: Инстаграм принтскрин/ Пресс принтскрин

To top