Смртта на Шабан Шаулиќ неговата жена Гордана никако не може да ја преболи, па вдовицата на фолк пејачот не може да се смири и не сака да ја напушти семејната куќа на Дедиње. Најблиските стравуваат дека таа во нејзиниот ум и мисли како се’ уште да чека Шабан да се појави на вратата од нивниот дом.
„Гоца е многу лошо. Воопшто не излегува од куќата, иако постојано ја посетуваат нејзините ќерки и пријателите. Често доаѓаат и нејзините кумови Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ – Кемиш со кои може да седи и да разговара цела ноќ. Таа малку спие и речиси воопшто на јаде. Сите и сугерираат дека е добро за неа да замине малку надвор од Белград, но таа тоа го одбива тоа, како да чека секој пат да се појави Шабан на портите“ – добро информиран извор близок до семејството.
Гоца ќе дојде на гробишта со своето семејство дури кон крајот на март, кога ќе се одбележи 40-дневното заминување на Шаулиќ.
Фото: Дамир Дервишагиќ/ Инстаграм принтскрин