Дру Баримор (44) е фотографирана на плажа во Тулум, во Мексико, а оние кои не знаат дека славната актерка престојува таму, веројатно не ја ни препознале кога поминала покрај нив.
Дру е целосно променета, а медиумите пишуваат дека изгледа зпуштено. Па така, фотографирана е во обична и широка гардероба, без шминка, со несредена коса и запуштено тело кога се килограмите во прашање.
Друг ужива со пријателка и со ќерката, а иако забележала дека папараците ја фотографиррат, не им придавала значење.
Потсетуваме, Дру зад себе има три брака и две деца. Дру Баримор во 2000 година имаше улога во „Чарлиевите ангели“, каде игра и Камерон Дијаз и Луси Лу.
Камерон и Дру се уште се дружат, но за разлика од Дијаз која се повлече од актерството, Дру се уште е верна на професијата.