„Која сум јас“, носечката нумера од деби-албумот на младата и атрактивна пејачка Теа Трајковска е конечно екранизирана и тоа во една приказна која дефинитивно ќе го привлече вниманието на публиката.
Снимањето на спотот заврши пред неколку дена, а како режисер на истиот се јавува и овој пат Бане Поповиќ и неговата „Томато – Продукција“.
Мислам дека оваа песна е најискреното нешто што сум го сработила и најблиско до тоа која сум навистина, имено затоа е албумот насловен по неа. Во видеото се обидовме да го оживееме каверот/омотот на албумот и со едноставна симболика да ја претставиме таа борба за идентитет после одредени случувања и состојби во животот на еден млад човек – вели Трајковска за ова музичко дело.
Соработката на младата пејачка со композиторот Лазар Цветковски продолжува, а и овој пат негови се музиката и аранжманот, додека текстот е на Теа.
Ова е нејзиниот видеоспот: