Една од најпопуларните српски пејачки ќе направи се за да дознае кој стои зад делото кое ја извади од кожа.
Фолк ѕвездата е подготвена да се соочи со хакерите кои накратко и го блокираа профилот на социјалните мрежи Твитер и Инстаграм.
Таа против сторителите ќе поднесе кривична пријава, дознава српски „Блиц“. Брена исто така ги потврди овие сознанија.

-Секако дека ќе поднесам пријава. Кражбата на лични податоци е кривично дело. Навикнав на шок ситуации. Се обратив до надлежните органи во Белград и до мојата екипа од „Гранд“ тоа да го решат, изјавува Брена за српски „Блиц“.
фото:Zoran Lončarević