Радио Милева

„Марија Шерифовиќ, доаѓаме“: Адам и Огнен тргнаа заедно на снимање за „Ѕвездите на Гранд“, а со нив имаат специјална придружба (фото)

„Марија Шерифовиќ, доаѓаме“: Адам и Огнен тргнаа заедно на снимање за „Ѕвездите на Гранд“, а со нив имаат специјална придружба (фото)

Иако се конкуренти во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравковски и Адам Лабунски тргнаа заедно на снимањето на најновото издание од натпреварот.

Огнен седна зад воланот, Адам беше на задното седиште, додека на совозачко имаа контрола од повозрасен.

Имено, на снимањето како поддршка Огнен ќе ја има неговата мајка Софче Џорлева, која е пејачка и работи во Македонската опера и балет. Таткото на Адам Лабунски очигледно овој пат нема да биде зад сцената и да го поддржи својот син, откако имаше расправија со членот на жирито Ѓорѓе Давид.

фото:фејсбук

Гордата мама Софче пак, објави фотографија на социјалните мрежи додека патуваа кон Белград, а во описот ја спомена Марија Шерифовиќ која е менторка на нејзиниот син.

-Марија Шерифовиќ, доаѓаме“, напиша Софче.

Откако стигнаа, на македонската екипа и се приклучи и Елена Миленсковска, а нема сомнеж дека здружени имаат повеќе мотив и оптимизам до победа, иако се противници еден на друг.

Како ќе поминат во наредното издание на „Ѕвездите на Гранд“ останува да видиме…

To top