Кога се омажи за Игор Којиќ, за пејачката Северина набргу се појавија шпекулации дека е бремена и дека по вторпат ќе стане мајка.
Сепак, таквите приказни се покажаа како невистинити, а потоа продолжија пишувањата на медиумите дека Северина често патува во Америка каде прима третмани за полесно зачнување.
Пејачката, а ниту нејзиниот сопруг досега не се огласија по тој повод, се досега кога Северина за магазинот „Hello“ проговори на таа тема. Нејзината фотографија осамна на насловната страница со насловот:
„Сакам и верувам дека уште еднаш ќе станам мајка“, открива Северина.
Деталите од разговорот во интервјуто ќе бидат објавени во најновиот број на магазинот кој на својата Инстаграм страница ја сподели насловната од најновото издание каде во фокусот е Северина Којиќ.