Пред една недела, 19 годишната ќерка на ТВ водителката, музичар и писателка, Сузана Турунџиева, Лора, и нејзиниот сопруг Филип, станаа горди родители на своето прво дете.
На 7-ми март се роди малиот наследник кој до носи името Јаков, а за убавата вест на социјалните мрежи најпрва се пофали гордата и млада баба Сузе, а нешто подоцна се огласија и новопечените родители.
Иако Лора не објавуваше многу фотографии со трудничкиот стомак, по породувањето на изненадување, објави заедничка фотографија со сопругот и сичнето на излезот од Клиниката за гинекологија во Скопје каде се породи.
Нема сомнеж дека нивната среќа е неизмерна и дека во себе имаат неописливи чувства на гордост, радост, љубов… а тоа сега сакаат да им го покажат на сите.
Имено, Лора повторно се огласи на својот Инстаграм профил, објавувајќи фотографија од рачето на Јаков , заедно со нејзината и раката на тато.
Овој вид на фото-моменти на некој начин станаа тренд кога во домот доаѓа бебето, а ниту Лора и Филип не го заобиколија.
На кого личи малиот наследник, допрва ќе видиме…