Промотер

Дамјан Пејчиноски со Малдиви џез сесија – „Daphne“ (ВИДЕО)

Дамјан Пејчиноски со Малдиви џез сесија – „Daphne“ (ВИДЕО)

Македонскиот гитарски виртуоз  Дамјан Пејчиноски зимава претстојуваше на егзотичните Малдиви, каде што уживањето под жешкото сонце на песочните плажи не би било целосно без добра музика, па одлучи да ни прати топли поздрави со пет музички видеа што ги објавуваше изминативе денови на неговиот канал на Јутјуб.

Талентираниот охриѓанец, кој настапува и собира награди ширум целиот свет, во рамките на оваа „Малдиви-џез сесија“ и во џипси-џез стил ни ги претстави темите: „Bellevilee“, „Swing 42“, „Limehouse Blues“, „Minor Blues“ и „Daphne“, заедно со колегите како „Дамјан Пејчиноски квартет“.

За миксот и мастерингот на аудиото се погрижи Горан Гешовски, зад камерата беше Ивана Чинговска, а видео-монтажата ја направи Борче Димоски.

Како изгледа и звучи дел од оваа егзотична музичка анплагд приказана, дознајте во продолжение од темата „Daphne“:

.

To top