Амал и Џорџ Клуни му се придружија на свечена вечера на принцот Чарлс во Бакингемската палата.
Во друштво на многубројни ѕвезди, познатата адвокатка за човекови права го привлече вниманието во едноставен бел фустан до златен детаљ на ракавот.
На свечената вечера Амал Клуни заблескала во креација од колекцијата висока мода, која била претставена дури во 2007 година, во рамките на колекцијата на познатиот француски дизајнер Стефанео Роланд за брендот Жан-Луј Шерер.
Ова не е првпат како парот присуствува на некое кралско случување.
За потсетување,Амал е добра пријателка со Меган Маркл и присуствуваше на нејзината свадба со принцот Хари.