Една од ретките пејачки на српската естрада која може да се пофали со кариера долга половина век без скандали и лоши случувања секако е Снежана Ѓуришиќ.
-Секој пат, кога некој ќе нагласи 50 години кариера, навистина му звучи навистина неверојатно. А веднаш потоа се замислувам, се почесто и подлабоко, каква среќа во животот имав во секоја можна смисла. Среќа и со талентот, поддршката на родителите, сплет на околностите, судбината, ако сакате, таквите животни патишта кон музиката ме водеа уште додека бев дете. Замислувам каква среќа најдов во успехот, во соработката, па и во пријателствата со некои прекрасни луѓе, во концертите и прекрасната публика. Потоа чувствувам благодарност за се тоа и се уште трае и се уште уживам, вели фолк ѕвездата.
Снежана е родена на 6-ти јуни 1959 година во Миладиновец. Детството го минува во Краљево со желба музиката да и биде суштина на животот. Кога со девет години ја снимила првата плоча, нејзиниот татко Милан и мајка и Дара, им било јасно дека имаат дете кое сака да успее.