Пред неколку месеци во медиумите како бомба се појави веста дека се разведува еден од најскладните бракови на естрадата, македонскиот музичар Коки Јанков се разведува од неговата сопруга Росана.
По разводот Коки се иселил од станот каде што живеел со неговата поранешна сопруга и се пресели на друга локација.
Меѓутоа, како што пренесува естрадниот магазин Ексклузив, Коки се вратил на својата стара љубов односно девојката со која била во врска пред Росана.
Имено, тој веќе неколку месеци е во врска со неговата поранешна девојка, адвокатка Маја Парговска од Скопје.
Коки и адвокатката биле во врска четири години пред тој да се ожени со Росана, а како што пренесува и магазинот тие веќе месец дена живеат заедно.
Оваа информација во телефонски разговор за „Ексклузив“ ја потврди и самиот Коки.
„Да, да потврдена е информацијата лично од мене. За вас новинарите секогаш сме биле тука, па се надевам дека ќе останеме во добар контакт“ изјави Коки.
На прашањето зошто се разведе од Росана, Јанков одговори:
„Ќе треба да направиме едно 5,6 емисии за да се објасниме. Тоа е минато и не треба да се враќаме на минатото, важно е да гледаме напред. Овој живот е за храбрите, не е за плачковци“ вели Коки.
За потсетување, Росана и Коки беа во брак 10 години, а од бракот ја имаат ќерката Лара.
Во продолжение погледнете ја емисијата каде Коки потврдува дека повторно е во љубовна романса.