Северина Којиќ стави крај на 17-годишната соработка со менаџерот Томо Петровиќ. Пејачката одлучи дека нејзината кариера од сега ќе ја води нејзиниот сопруг, Игор Којиќ.
Севе и Томица не беа многу среќни во последно време кога се работи за нејзината кариера. Тиквата пукна кога излезе новиот албум. Сепак, тој продолжи да работи со неа некое време, обидувајќи да се усогласат и да ја комплетираат документацијата за работите што тој веќе ги планирал.
Сепак, на сите им беше јасно дека нешто не е во ред кога Томица не се појавил на снимањет на видеото за песната на Северина, “Фатаморгана”. Таа, за да прикрие дека нешто не е во ред, рече дека останал во Загреб, бидејќи имал судење. Исто така, Томица не се појави на роденденот на нејзиниот син, што беше многу чудно!
Сметајќи дека сопругот на Севина е школуван менаџер, до душа спортски, но исто така и дека тој пораснал со татко му Кеба кој е пејач, а и покрај сопругата се здобил со големо искуство кога станува збор за естрадата, Севе смета дека Игор би можел да биде нејзиниот менаџер и ПР!