Радио Милева посветен татко

Сашко Коцев ретко споделува приватни моменти, а овој пат направи исклучок: Познатиот актер на прошетка со ќерката (фото)

Сашко Коцев ретко споделува приватни моменти, а овој пат направи исклучок: Познатиот актер на прошетка со ќерката (фото)

Актерот Сашко Коцев во октомври 2018 година стана татко, тој и неговата сопруга Смиљана станаа родители на нивната ќерка Јоана.

Тој во едно интервју истакна дека татковството му го променило животот, па порано кога некој го будел можел да го гризне, но сега го памети првото будење со Јоана.

„Ми се појави еден нов свет, едни сосема нови и непознати чувства што ме влечат накај дома. Дури и кога имам време за одмор, не ми даваат, туку ме тераат да станам да ја гледам додека таа спие“, изјави Коцев во интервју за деца.мк

Сашко и покрај сите ангажмани и обврски, наоѓа слободно време кое го поминува со најмилите.

Така тој на сончевиот ден излезе на прошетка со ќеркичката.

Иако на социјалните мрежи ретко споделува приватни моменти, овој пат на својот „Фејсбук“ објави фотографија од него и Јоана на прошетка во блискиот парк во скопската населба Јане Сандански (Аеродром) каде што актерот со семејството живее.

„ Во пресрет на пролетта “ напиша актерот во описот на објавата.

Под неа веднаш се нижеа позитивни коментари за таткото и ќерката.

Инаку, Сашко имаме прилика да го гледаме во претстави во МНТ, е ангажиран за снимања, реклами….

Фото: Фејсбук принтскрин/Сашко Коцев

To top