На почетокот била само анонимна кафеанска пејачка на која татко и и бранел да се занимава со естрада. Со текот на годините станува една од најпознатите српски фолк ѕвезди, која денес седи во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ и сите ја препознаваат. Но, дали ќе ја препознаете и вие Вики Миљковиќ на оваа фотографија од втората половина на 90-те години?
Во 1996 година тој беше полуанонимен пејач, босански бегалец од Мостар кој земал што може да понесе со себе и од виорот на војната со семејството се засолнил во Белград. Пеел по белградските сплавови за ситни пари, само за да може да го прехрани семејството, без намера и амбиции да прави голема кариера, но само до моментот додека една вечер во локалот каде што редовно настапувал случајно не се затекнала Марина Туцаковиќ. „Турете и уште едно виски на Марина од мене“ – му порачал на келнерот таа вечер пејачот, а најпознатата авторка на стихови во регионот му ветила дека ќе му напише песна, велејќи му дека ете, штотуку се родил насловот на истата.
Настанува „Сипајте још један виски“… и Жељко Санмарџиќ станува познат и признат… Останатато е легенда. Исто како и оваа легендарна фотографија настаната во тоа време.
За најголемата регионална фолк дива горе – долу се’ е познато. Оваа фотографија е од истото време како и претходните две кога Цеца ја тресеше аферата и љубовта со Аркан. Расоблечена во бело боди од тантела, со тапирана фризура и деколте, тогаш се уште без силикони…
Да ова е Светлана Ражњатовиќ – Цеца на оваа фотографија од пред 22-23 години. Времето ама и парите, очигледно го чинат своето! Сето останато е само… обична естрадна маскарада!