Во последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ имаме прилика да ги гледаме прекрасните настапи на македонските кандидати меѓу кои Огнен Здравкоски, Мартинијан Кириловски, Адам Лабунски, Елена Миленковска…
Благодарение на своите ментори и нивната поддршка, македонските претставници успеа да го покорат жирито и да освојат гласови.
Во последната емисија, настапуваше Дарко Коцевски од Скопје, а негов ментор е Џорџе Давид.

Тој се претстави со песните „Џелем џелем“ и „Среќна ли си ти“.
По неговата првата изведба, неговиот ментор беше презадоволен, па со раката удри во маса.

Дарко ги освои сите гласови, а тоа значи дека директно помина во следниот круг.

Ана Бекута имаше само пофални зборови за Македонецот.

„Имаш таков нерв за пеење, пееш со целото тело, се даваш до даска. Тоа е тоа со што ти победи вечерва. Во втората песна не беше добар, но со првата не купи, тоа е пејач“ истакна Бекута.
И неговиот ментор, Џорџе имаше само убави зборови за Дарко.

„Како што ти кажав, првата песна е мерка, ти од тон до тон отпеја онака како што треба. Во втората песна ти замерувам на вибратото, но одиме во третиот круг и тоа ќе биде до болка добро“ истакна Џорџе.
Како Џорџе и Дарко ќе се претстават во третиот круг и дали овој Македонец ќе има шанси за поголем успех останува да видиме.
https://www.youtube.com/watch?v=7sb0r6LS11E&t=7699s