Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко се горди родители на нивното синче Јаков, а многумина коментираа дека Јаков е исто како татко му.
Меѓутоа, Сека одлучи да сподели своја слика од детството, а еден детал откри на кого личи малиот Јаков.
Имено, Алексиќ сподели една нејзина стара фотографија од детството и нова фотографија од нејзиниот син.
Дури и изразот на лицето речиси им е ист.
„Мама кога беше мала и Јаки. Неверојатно е како се менува ликот на детето, кога се роди беше ист како татко му, а сега се повеќе личи на мама“ изјави Сека.