Јелена Карлеуша е скршена поради смртта на нејзината мајка Дивна. Ги откажа настапите и учеството во „Ѕвездите на Гранд“, но само привремено, па по се изгледа дека се враќа на сцената многу побрзо од што се очекуваше.
Неофицијалните информации се дека Јелена ќе се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд” во рок од една недела, иако таа сè уште не се чувствува добро од големата трагедија што ја погоди.
„Карлеуша е одличен професионалец во својата работа и таа е свесна дека и во оваа голема болка не е добро подолго време да се повлече од сцената, зашто постојано и подолго ќе страда. Потребно и е друштво во оваа тешка ситуација, бидејќи осаменоста може да предизвика депресија. И треба нешто што ќе и ги оттргне мислите од големата трагедија, па веднаш штом ќе застане на нозе, ќе се обиде да се врати што е можно поскоро во жирито на музичкото талент шоу „Ѕвздите на Гранд“ – вели еден извор кој додава дека пејачката нема веднаш да почне со настапи.
По повод овие наводи, „Гранд“ продукцијата и саша Поповиќ се’ уште јавно не се огласиле, иако како нејзина замена експресно беше ангажирана пејачката Ивана Петерс, која ионака е дел од менторскиот тим на продукцијата.
Фото: Дамир Дервишагиќ/ Принтскрин