Радио Милева

Го удрија хормоните: Александар Тарабунов пред полноќ ги откри своите еротски фантазии (фото 18+)

Го удрија хормоните: Александар Тарабунов пред полноќ ги откри своите еротски фантазии (фото 18+)

Александар Тарабунов- Тара знаеме дека има голема страст кон музиката, готвењето, велосипедизмот… ама во последно време хормоните најмногу му вријат по атрактивни девојки.

Тара е активен корисник на социјалната мрежа Инстаграм, каде несебично со своите следбеници и обожаватели споделува разни моменти од своето секојдневие, а последниве денови на своите куси видео приказни од профилот, штом падне мрак, Тара има само едно на ум – жени, еротика, страст…

фото:инсатаграм/александартарабунов

Имено, таков е случајов и со неговите најнови објави, селектирани по негов вкус, а сигурно и по вкусот на уште многумина припадници на посилниот пол, бидејќи Тара и тоа како знае да избере што ги задоволува неговите очи, ја храни сексуалната фантазијата и ги буди сетилата.

Фотографиите од ултра згодните и разголени девојки, практикува да ги зачине со музиката на Бери Вајт, за кој е добро познато дека ја има најдобрата музика за водење љубов.

Неодамна во медиумите се појавија шпекулации дека Александар е во врска со помладата колешка Барбара Поповиќ, со која заедно ја препеаја неговата „Би те одбрал само тебе“, но тие јавно ги демантираа ваквите гласини.

фото:инсатаграм/александартарабунов

А штом му се вртат толку жени во главата, јасно е дека Тара веројатно се уште е во потрага на вистинската, но сега е познато  каков тип на девојки ги задоволуваат неговите високи критериуми.

To top