Даниел Кајмакоски сите го паметиме по неговото учество во музичкото шоу „Х фактор“ каде што ја однесе и победата.
По победата Даниел сними песна заедно со Жељко Самараџиќ , а многу брзо стекна популарност и беше омилен меѓу најмалите.
Меѓутоа, популарниот пејач набргу се повлече од музичката сцена и се посвети на својот приватен живот.
Имено, тој се омажи и со својата партнерка Кристина, а потоа стана татко на својот Давид.
Отогаш, Даниел помалку е активен на музичката сцена и повеќе е посветен на својот син и својот приватен живот.
Меѓутоа, тој неодамна одлучи да се врати на својата професија и музиката.
Имено, за Нова Година настапуваше во Црна Гора, а потоа почна и со други настапи. Тој најави дека работи на музички проекти.
Кајмакоски на својот „Инстаграм“ профил објави фотографија на која може да се забележи неговиот нов изглед.
Имено, Даниел се пофали дека го сменил неговиот стар имиџ односно ја избричил брадата.
Погледнете како изгледа сега.
Од друга страна, Кајмакоски неодамна се пофали дека после 10 години се вратил да оди во теретана и да вежба.
Дали наскоро пејачот ги израдува своите фанови со нова песна останува да видиме.