Сопругата на славниот турски актер почнала неконтролирано да троши пари поради што тој ги затворил сметките и и ги одземал картичките, а таа многу се налутила.
Озџан Дениз ги демантира ваквите шпекулации во медиумите, но набрзо во јавноста се појави информација дека се преселил во хотел каде моментално живее.
Како што наведува пријател на двојката, тие често се карале, да на крајот решат да се разделат. Причините за караниците биле тоа што Актан трошела многу пари.
View this post on Instagram
-Таа едвај чекаше да му роди дете, па да може да се однесува како што ќе посака. Сепак, тој повеќе не може тоа да го поднесува и одлучи да замине од заедничкиот дом, иако тоа не му годи со оглед на тоа дека сега има бебе, а зад себе уште еден пропаднат брак, открива пријател на актерот.